Струга и годинава без организиран пречек на Нова година
- Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација. Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка.
Струга, 26 декември 2024 (МИА) - Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација. Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка.
За најмладите предвидена е предновогодишна забава на 30 декември пред општинската зграда, забава со локални бендови, а Дедо Мраз ќе прошета и низ градските улици.
За првите три новороденчиња во Новата година Општината предвиде по 15.000 денари, а од општинскиот буџет предвидени се и средства за пакетчлиња за децата од социјално загрозени семејства и деца со попреченост.
- Струга е украсена и подготвена да ги пречека туристите што сакаат да го посетат градот. Со украсувањето на градот, Советот и Општината излегуваат во пресрет на бизнисот со цел привлекување што повеќе туристи, изјави претседателката на Советот Арбреша Влаши.
Во градот веќе се чуствува претпразнично движење, кафулињата и рестораните организираат претпразнични забави. Хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на печалбарите, кои празниците ги минуваат во родното огниште. сс/мд/
Фото: ЈП „Комунално“ Струга