• Thursday, 18 July 2024

Стојанов : Борбата за справување со огнената стихија на Серта продолжува и денеска 

Стојанов : Борбата за справување со огнената стихија на Серта продолжува и денеска 

Неготино, 17 јули 2024 (МИА) - И денеска интензивно се одвиваат активности за гаснење на големиот пожар на планината Серта од неготинска страна, информираше градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, на неговата Фејсбук страница. 

- До моментот на објавување на ова известување само за кратко се интервенираше од воздух со два хеликоптер, додека изостана вклучувањето во гаснењето на пожарот од други воздухоплови како што се ер трактори и авиони за гаснење пожари. Во најголем дел гаснењето се одвива од земја со механизација и човечки ресурси со вклучување на војници, полиција, пожарникари, ловџии и други доброволци, соопшти тој. 

Како градоначалник на општина Неготино,  апелираше до надлежните во ЦУК за итно и помасовно вклучување на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна.

- Во моментов пожарот е најсилен во месноста Дуњица и токму на оваа локација е потребна интервенција од воздух, напиша тој. свд/дма/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

You May Also Like