Стопанска комора на Северна Македонија: Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси
- СООПШТЕНИЕ: Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола. Овие состаноци имаат цел подобро да ги објаснат водечките принципи на тендерскиот процес на „Бехтел ЕНКА“ за зајакнување на учеството на локалните компании во проектот за изградба на автопатишта, што до денес, според информациите на „Бехтел ЕНКА“, кулминира со приближно 90 % домашни компании од подизведувачите и со 65 % од добавувачите.
You need to login to view this page en