Средба Сали-Мејдани: Разговарано за „One Stop Shop“ и зајакнување на соработката
- Посебен фокус на разговорот бил ставен на проектот „One Stop Shop“, што претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, соопшти Министерството за европски прашања.
Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји биле главна тема на средбата меѓу министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, со албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани.
Посебен фокус на разговорот бил ставен на проектот „One Stop Shop“, што претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, соопшти Министерството за европски прашања.
Двете страни позитивно ја оцениле имплементацијата на овој проект, нагласувајќи ја неговата важност за регионалниот развој и подобрувањето на услугите за граѓаните.
Од МЕП додаваат дека било разговарано и за други заеднички иницијативи, институционалната соработка и координацијата во рамки на европските интеграциски процеси. нд/лв/
Фото: МЕП