• Wednesday, 13 November 2024

Средба на министерот Мисајловски со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Чанел

Средба на министерот Мисајловски со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Чанел

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Озлем Чанел, на која и посакал успешна дипломатска мисија и ѝ порачал дека Министерството е посветено на унапредувањето на билатералната одбранбена соработка со сојузничка Холандија.

Од Министерството за одбрана соопштија дека Мисајловски се заблагодарил за силната холандска поддршка во процесот на интеграција во Европската Унија и ја истакнал важноста на воспоставената сојузничката соработка во рамките на кооперативната безбедност, управувањето со кризите и колективната одбрана.

- На средбата на која што присуствуваше и одбранбеното аташе, потполковник Јурген Флајшман, се разговараше за можностите за продлабочување на одбранбената соработка, особено за можноста за искористување на националните капацитети на двете земји во доменот на военото образование, обуката и заедничките армиски вежби, се наведува во соопштението од МО. цр/аа/

Фото: Министерство за одбрана