• Wednesday, 17 July 2024

Средба на министерот Минчев со раководителот на СИГМА, Баграт Тунјан

Средба на министерот Минчев со раководителот на СИГМА,  Баграт Тунјан

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешната средба со раководителот на СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија) за нашата земја, Баграт Тунјан, разговарале за тековните активности на новоформираното Министерство за јавна администрација, за спроведувањето на оценската мисија на СИГМА во државава, како и за заедничката успешна соработка.

- Раководителот на СИГМА, Тунјан истакна дека во тек е спроведување на оценската мисија од страна на СИГМА, која спроведува редовни оценски мисии за прогресот на спроведување на реформите во јавната администрација во земјите – кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на министерот за јавна администрација.

Истовремено, како што е наведено во соопштението,  министерот Минчев бил информиран за процесот на оценските мисии кои се спроведуваат во согласност со дефинирана методолошка рамка која е еднаква за сите земји. Врз основа на наодите од овие оценски мисии, Европската Комисија го оценува напредокот и подготвеноста на јавната администрација да ги спроведува политиките на ЕУ.

Министерот Минчев посочил дека Министерството како координатор на процесот на реформата на јавната администрација во Републикава ќе продолжи да дава целосна поддршка на спроведувањето на мисија на СИГМА во нашата земја,  информирал за тековните активности на новото Министерство и донесување на потребната законска регулатива утврдена во  Стратегија за Реформа на јавната администрација (2023 -2030) согласно акцискиот план (2023-2026). дма/ац/

Фото: Министерство за јавна администрација