• Wednesday, 17 July 2024

Пожарот во Битола делумно ставен под контрола, спречено ширење кон битолско Раштани

Пожарот во Битола делумно ставен под контрола, спречено ширење кон битолско Раштани

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Пожарот во Битола е делумно ставен под контрола. Спречено е тој да се прошири кон селото Раштани, потврди за МИА, заменик командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Горан Димкоски.

- Пожарот делумно е ставен под контрола. Има уште една точка што ни е надвор од контрола, затоа што станува збор за непристапен терен. Нема опасност за куќи или викенд населби. Нема загрозени имоти и лица. Тоа го спречивме. Ако не го спречивме, одеше кон селото Раштани, појасни Димкоски.

На пожарот се делува и од воздух. Интервенираат пет авиони „ер трактори“ и еден канадер. Во гаснењето вклучени се и 35 пожарникари од ТППЕ - Битола, доброволци, лица од јавни претпријатија, доброволни друштва. бд/бак/

Фото: МИА архива