• Tuesday, 08 July 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик

СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик

Скопје, 16 април 2025

Социјалистичката партија на Македонија последната изјава на еврокомесарката за проширување за неможноста за давање гаранции за евроинтегративниот процес на Македонија ја оценува како најава за натамошни бугарски блокади и уцени кои може да се очекуваат во иднина.

Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека во изминатите 20 години Република Македонија направи отстапки кои од ниту една друга држава не се побарани за да стане земја членка на ЕУ. И покрај тоа на Македонија и се наметнуваат нови билатерални прашања кои се под форма на европски барања, а кои не се соддржани во Копенхагеншките критериуми за прием во ЕУ. Таквиот однос отстапува од досегашната пракса на прием на држави членки во ЕУ кои имаа многу посериозни проблеми во периодот на приемот, но од нив не беа побарани никакви отстапки.

Социјалистичката партија на Македонија повторно напоменува дека никој нема право да тргува со македонскиот идентитет со историјата и македонскиот јазик. Македонскиот народ бара ваквиот понижувачки однос од одредени домашни политички партии и од некои земји членки на ЕУ да престане и да започнат преговорите со меѓусебно почитување и разбирање.

Социјалитичката партија на Македонија укажува дека прием во ЕУ по секоја цена е неприфатлив за македонскиот народ кој е горд на своите достигнувања и својот идентитет и култура.

Преговори под услови на уцени и со најави за идни блокади без било какви гаранции согласно критеруимите од Копенхаген не се прифатливи.

Македонските социјалисти укажуваат на јасно изразената волја на гласачите на минатогодишните парламентарни избори за заштита националните и државни интереси и заштита на достоинството на македонскиот народ.

 

Социјалистичка партија на Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

You May Also Like