• Saturday, 09 November 2024

Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Сореца: БиХ го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Сараево, 6 октомври 2024 (МИА) - Босна и Херцеговина го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (EUCPM) и тимови за одговор ќе пристигнат на лице место, потврди Луиџи Сореца, шеф на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина.

„ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на EUCPM од септември 2022 година. Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело“, напиша Сореца на социјалната мрежа Х. сд/

Фото: Скриншот од Х