• Wednesday, 17 December 2025

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања

Скопје, 4 мај 2025 (МИА) - На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/

фото: МИА архива