Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец
- Post By Весна Јаневска
- 00:08, 23 July, 2024
![Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец](https://mia.mk/images/20240722175527_big_730x400_47.webp )
Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.