Сончево со мала до умерена облачност.
- Post By Весна Јаневска
- 00:08, 25 July, 2024
![Сончево со мала до умерена облачност.](https://mia.mk/images/20240724192225_big_730x400_92.webp )
Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно време. Во петок ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h) кој ќе услови пониска дневна температура, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепен пораст.