• Thursday, 26 February 2026

Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица, можна утринска магла во котлините

Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица, можна утринска магла во котлините

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен в сабота кога ќе има зголемена облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од петок во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. дма/са/

Фото: МИА архива