• Saturday, 28 September 2024

Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија

Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија

Брисел, 27 септември 2024 (МИА) - Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец.

Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА. зш/