Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
- Собранието денеска ќе ја одржи 83-та пленарна седница, на чиј дневен ред се новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), Дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија, фаза 2, по скратена постапка.
You need to login to view this page en