Собранието ја почна 76. седница со опозициски прашања
- Собранието ги прифати предлозите на Владата на дневен ред на 76. седница по скратена постапка да се донесат измена на Законот за буџети, законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, и измени и дополнување на Законот за експропријација.
You need to login to view this page en