Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи
- Со измените на Законот за работни односи, лицата избрани или именувани од надлежен орган можат да продолжат да ја вршат својата функција и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години. Според предлагачите, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со измените се очекува креирање на можност за брзо и времено надминување на проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители и консеквентно на тоа подобрување на ефикасноста на судските постапки, како и пристапот до правда за граѓаните. За опозицијата, предлогот е противуставен и спротивен на начелото на еднаквост.
You need to login to view this page en