Снегот го парализира Истанбул: Босфор затворен, откажани летови
- Властите најавија дека в понеделник училиштата во Истанбул ќе бидат затворени поради екстремно ниските температури и очекуваните потешкотии со транспортот на учениците.

Истанбул, 22 февруари 2025 (МИА) - Поради обилните снежни врнежи кои трет ден ја зафаќаат Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот денеска е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност при турското Министерство за транспорт и инфраструктура.
„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради невремето дел од летовите од и кон аеродромот во Истанбул за утре се откажани, пренесува „Хуријет“.
Властите најавија дека в понеделник училиштата во Истанбул ќе бидат затворени поради екстремно ниските температури и очекуваните потешкотии со транспортот на учениците.
Од синоќа на полноќ, градските власти воведоа забрана за движење на моторциклисти и курирски служби во Истанбул сè до подобрување на временските услови. ссм/
фото: принтскрин