Службеник на романската амбасада во Русија прогласен за персона нон грата
- Амбасадорот на Романија во Русија, Кристијан Истрате бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде му била врачена нота со која службеник на амбасадата на земјата е прогласен за персона нон грата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
- Post By Јасмина Тасевска
- 13:17, 3 July, 2024
Москва, 3 јули 2024 (МИА) – Амбасадорот на Романија во Русија, Кристијан Истрате бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде му била врачена нота со која службеник на амбасадата на земјата е прогласен за персона нон грата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Се истакнува дека „оваа мерка е одговор на претходно немотивираната одлука на романската страна да прогласи дипломат на руската амбасада во Букурешт за персона нон грата“, пренесува РИА Новости.
Во мај Романија одлучи да прогласи руски дипломат за персона нон грата, а романските власти соопштија дека дипломатот наводно ги прекршил одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година. јт/
Фото: МИА архива