Словенечката претседателка Пирц Мусар идната недела во Киев ќе потпише безбедносен договор со Украина
- Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека в четврток ќе го посети Киев за да потпише билатерален безбедносен договор со Украина.
- Post By Златко Шумковски
- 14:23, 23 June, 2024
Љубљана, 23 јуни 2024 (МИА) - Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека в четврток ќе го посети Киев за да потпише билатерален безбедносен договор со Украина.
Според неа, таков договор е потпишан со Украина и од други земји кои се подготвени да му помогнат на Киев, јави СТА.
„Станува збор за преземање обврска... дека ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека тоа е неопходно... Украина ја брани целата структура на меѓународното право“, изјави Пирц Мусар. зш/