Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
- Речиси е усогласено, меѓутоа морам да кажам дека имавме недостиг на време, во петокот стигна одговорот од кај нив, сепак е тоа документ кој бара добро да се разгледа, но се усогласивме дека нема никава пречка. Многу ќе ни значи еден таков договор, како што имаат нашите соседи, но не само нашите соседи туку и многу држави од ЕУ, а во блиската околина и Италија. Зошто и ние да не им се придружиме и да можеме кон зелената агенда да пристапиме преку овој процес на транзиција со гас со помош на Азербејџан, изјави Сиљановска Давкова.

You need to login to view this page en