Сијарто: На сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД не даде резултати во Украина
- Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
- Post By Јасмина Тасевска
- 08:26, 15 July, 2024
![Сијарто: На сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД не даде резултати во Украина](https://mia.mk/images/20240715082653_big_730x400_90.webp )
Будимпешта, 15 јули 2024 (МИА) – Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Како што пренесе Еуроњуз, тој за унгарското јавно радио додаде дека „сега на сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД во изминатите две и пол години војна во Украина не дала резултати, иако западните политичари не сакаат тоа јавно да го признаат бидејќи тоа би значело признавање на поразот“.
- Санкциите беа пукање во стапало, па во колено, па во гради за европската економија, додека испораките на европско и американско оружје не ја променија ситуацијата на бојното поле и не ја доближија војната до крајот, рече Сијарто. јт/
Фото: Фејсбук