Силен земјотрес го погоди индонезискиот регион Серам
- Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот регион Серам, соопшти Германскиот геолошки институт (ГЗФ).

Џакарта, 17 март 2025 (МИА) - Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот регион Серам, соопшти Германскиот геолошки институт (ГЗФ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ.
Засега нема информации за жртви или материјална штета. мс/
фото: МИА архива