• Wednesday, 23 July 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СЗО: Дваесетте камиони се само „капка“ во океанот помош која е неопходна

СЗО: Дваесетте камиони се само „капка“ во океанот помош која е неопходна

Женева, 19 октомври 2023 (МИА) – Светската здравствена организација го поздрави договорот со кој ќе се овозможи влез на 20 камиони со помош во Газа од Египет.

- Нашите камиони се натоварени и подготвени за тргнување, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција. Тој изрази надеж дека помошта ќе биде испорачана утре.

Доктор Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, рече дека треба да им биде дозволено да влезат во Газа секој ден бидејќи 20 камиони се „капка во океанот“ помош која е неопходна.

- Ќе се молам оваа вечер, и не се молам многу често, таа граница да се отвори утре, рече Рајан. јт/

Фото: Х