• Wednesday, 02 October 2024

Се поставува заштитна ограда кон кавадаречко Раец

Се поставува заштитна ограда кон кавадаречко Раец

Кавадарци, 2 октомври 2024 (МИА) - Се поставува заштитна ограда кон кавадаречкото село Раец, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

- Се поставува заштитна еластична ограда на локалниот пат кон село Раец, со цел зголемена безбедност во сообраќајот. Во следниот период иста ќе се постави и на патот до село Дреново и делот спрема селата Крњево и Бохула. Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци ги монтира во соработка со ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, појаснија од кабинетот на Јанчев. 

Безбедноста во сообраќајот е сегмент на кој Општината континуирано посветува внимание, наведуваат од кабинетот на градоначалникот Јанчев. свд/вг/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев