Се откажуваат сите планирани настани во установите од културата во текот на следната недела
- Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.
- Post By Виолета Геров
- 15:08, 16 March, 2025

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Тој воедно информира дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отвораат вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно. вг/
Фото: МИА Архива