• Monday, 28 October 2024

Се одбележува Светскиот ден на цртаниот филм

Се одбележува Светскиот ден на цртаниот филм

Париз, 28 октомври 2024 (МИА) - Во спомен и чест на Емил Рејно, кој на 28 октомври 1892 година ја спровел првата проекција на цртан филм на целулоидна лента во Париз, денеска се одбележува Светскиот ден на цртаниот филм.

Шарл-Емил Рејно (1844 - 1918) е француски пронаоѓач кој го открил тн. праксиноскоп и е одговорен за првите проектирани анимирани филмови. Неговиот цртан „Светлечки пантомими“ (Pantomimes Lumineuses) првпат е прикажан на 28 октомври 1892, во неговиот роден Париз.

Неговиот театарско-проектирачки систем „Театар оптик“ (Théâtre Optique) е патентиран во 1888 година, и сам по себе претставува револуција во филмската историја воопшто.

Овој ден се слави во повеќе од 50 земји на сите континенти. Целта е, пред сѐ - да се поттикне уметноста на цртаните филмови, кон којашто наклонетост и љубов имаат и младите и повозрасните лица.  си/ссм/

Фото: Википедија