Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив
- Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.
Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.
„Најмалку седум лица се ранети на две различни места“, рече шефот на итната медицинска помош, Ели Бин.
Две од застреланите лица се во критична состојба.
Најмалку двајца терористи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка, извршија напад во Јафа, според инсерти од надзорните камери.
Според дел од израелските медиуми, еден од нив бил застрелан од полицијата. паг/
Фото: МИА архива