Седница на Буџетскиот совет на Собранието
- Буџетскиот совет на Собранието денеска одржа седница на која беше усвоена одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година. Годинава Собранието од планираните 42, реализирало само седум вработувања. Постапката за останатите е прекината поради изборите, но сега продолжува. Измените на програмата се однесуваат на отворање едно место во секоторот за Меѓународна соработка.
You need to login to view this page en