СДСМ: Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче
- СООПШТЕНИЕ - Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.
Скопје, 30 јануари 2025
Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава.
Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.
- Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.
Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа.
Последното и единствено зголемување на помошта за новороденче во Аеродром се случи во 2018 година, кога СДСМ ја зголеми оваа помош од 5.000 на 8.000 денари.
Во 2021 година Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Последната одлука на Советот на Општина Аеродром е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари.
Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош.
Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива