• Wednesday, 17 July 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон

Скопје, 17 јули 2024 

Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон. 

Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил. 


СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД. 


Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие. 


Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на ново режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат.


Повеќе од јасно е дека Мицкоски е преплашен од истрагата и инфомрациите кои ги крие. Но како што љубеше да каже менторот на Мицкоски, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на површина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива