• Tuesday, 16 December 2025

СДСМ: Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“, Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата

СДСМ: Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“, Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата

Скопје, 16 декември 2025 

Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат. Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.

Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.

Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.

Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.

Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции.

Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.

Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има.


 Фото: МИА архива