• Sunday, 22 December 2024

СВР-Битола апелира граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер

СВР-Битола апелира граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер

Битола, 21 декември 2024 (МИА) - СВР-Битола во соопштение до јавноста упати апел до граѓаните утре да се воздржат од користење на сопствени возила доколку имаат намера да престојуваат во Националниот парк Пелистер.

Во пресрет на утрешната хуманитарна манифестација „Имам куќа на Пелистер“ што ја организира Јавната установа Национален парк „Пелистер“, од СВР Битола посочуваат да се користи бесплатниот автобуски превоз.

-Апелираме граѓаните да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на патниот правец што води кон Пелистер бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе поаѓаат во 10:15 часот од пред автобуските станици Атпазар, Шехерезада, Црн Мост, Довлеџик, Спортска сала, Болница и Нов пазар, а враќањето ќе биде во 15:30 часот. Сите учесници во сообраќајот да ги следат насоките на полициските службеници, соопштија од СВР Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека и граѓани од околните градови, да го користат бесплатниот јавен превоз со цел да се  избегне сообраќаен метеж. мт/аа/

Фото: МИА

You May Also Like