• Wednesday, 28 January 2026

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница

Штип, 27 јануари 2026 (МИА) – Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка.

Ката Крстевска од Велес, која утринава дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

- Паркиравме возилото и само што појдовме на нагорнината слушнавме и кога дојдовме, кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата, вели Крстевска. 

На местото на настанот излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов“, која води кон главниот влез на болницата. Простотот беше исчистен од страна на екипи од ЈП „Стипион“. вдј/

Фото: МИА 

You May Also Like