Свеченост во чест на наследството на Мајка Тереза и Албанската католичка заедница во Скопје во пресрет на католички Божик
- Папата Франциск пред неколку години на свечена церемонија по повод Божик укажа дека „во ноќта на љубовта спроти Божик, треба да имаме само еден страв - да не ја навредиме Божјата љубов, да не ги повредиме сиромашните со нашата рамнодушност“. Повикувајќи се на овие зборови денес можеме да ја изразиме истата загриженост дека светот ја навредува Божјата љубов со тоа што останува рамнодушен кон дестабилизирачките напори што се појавуваат во различни делови на земјината топка каде Блискиот Исток и Украина засега се најактивните жаришта на оваа дестабилизација. Празникот како Божик може да биде причина повеќе не само за моментален прекин на огнот туку и за суштинско размислување за хаотичната ситуација низ која поминува човештвото денес во духот на зборовите на Мајка Тереза: Ние немаме потреба од пушки и бомби за да донесеме мир во светот“. Нам ни треба љубов и сочувство. Сите ние заслужуваме достоинствена иднина за што е потребно поголемо разбирање и интеракција меѓу луѓето, рече Асани посакувајќи среќен Божик.
You need to login to view this page en