• Friday, 20 February 2026

Светиот месец рамазан - пост, молитва и духовна посветеност

Светиот месец рамазан - пост, молитва и духовна посветеност

Скопје, 20 февруари 2026 (МИА)

Фами БАЈРАМИ
 
Рамазанскиот пост почна за муслиманските верници во Македонија и во целиот свет каде што живеат. Во текот на 30-те дена верниците не смее да пијат вода и да земаат храна во одредено време како знак на жртва и посветеност на Бога. Ова се смета за свет период за муслиманите со древни корени и многу посебни ритуали.
 
Според исламската религија, рамазан е месецот кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од столбовите на исламот, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување.
 
Потекло и правила
 
Рамазан е името на деветтиот месец од годината во муслиманскиот календар, во кој, според исламската традиција, Мухамед го примил откровението на Куранот „како водич за луѓето за правда и спасение“.
 
Оваа форма на пост, за муслиманите, значи дека може да земат само два оброка дневно: еден пред изгрејсонце (сифир) и еден по зајдисонце (ифтар).
 
Рамазан е облик на заедништво. Вообичаено е да се поканат соседите и пријателите да ја споделат вечерата наречена ифтар и да рецитираат посебни молитви. Џамиите се полни со верници за молитвата тарави, која означува еден од најомилените моменти во овој месец создавајќи чувство на единство, посветеност и понизност. Хуманитарните здруженија организираат традиционални ифтари за време на светиот месец рамазан, како и акции за обезбедување храна за семејствата што имаат потреба од тоа.
 
Постот е религиозна обврска
 
Во текот на овој месец верниците бараат прошка за минатите гревови, се молат за водство и помош за да се спротивстават на секојдневните зла и се стремат да се прочистат преку самоконтрола и добри дела. Постот е религиозна обврска за секој возрасен, здрав муслимански верник, но не е задолжителен за болните, бремените жени и за работниците што работат тешка физичка работа (со опционална можност).
 
На зајдисонце постот се прекинува со чаша вода за да се продолжи подоцна со вечерата или на друг начин кажано - ифтар. Постот што почнува пред изгрејсонце до зајдисонце трае од 12 до 18 часа, во зависност од тоа каде се наоѓате во светот. Муслиманите што живеат во најужните земји во светот, на пример, Чиле или Нов Зеланд, постат во просек 12 часа, а оние што живеат во најсеверните земји, како што се Исланд или Гренланд, постат повеќе од 17 часа.
 
Месец на Куранот и молитвите
 
Муслиманите веруваат дека рамазан е месецот кога Куранот му бил објавен на пророкот Мухамед. Пред приближно 1.400 години се верувало дека пророкот Мухамед медитирал во пештера кога му се приближил ангел. Ангелот му ги открил првите зборови од Куранот на пророкот Мухамед - и му рекол дека тие се директна заповед од Бога. Оваа ноќ е позната како Лејлетул Кадр - и муслиманите ја одбележуваат преку дела на богослужба во текот на ноќта. Ова е најважниот ден од рамазан, кој се одржува во текот на последните десет дена од месецот.
 
По рамазанскиот пост, на 20 март се слави Рамазан-рајрам, и тоа три дена. Потоа целото семејство се собира околу празничната трпеза, а се посетуваат роднини и пријатели. Првиот ден од Фитр Бајрам е државен празник, а 20 март (петок) ќе биде неработен ден за сите граѓани.
 
Фото: МИА Архива

You May Also Like