• Wednesday, 23 October 2024

„Самсунг“ го претстави специјалниот модел на „Галакси Зед фолд-6“

„Самсунг“ го претстави специјалниот модел на „Галакси Зед фолд-6“

Сеул, 21 октомври 2024 (МИА) - „Самсунг“ (Samsung) официјално го претстави моделот од специјалната серија на својот паметен телефон „Галакси Зед фолд-6“ (Galaxy Z Fold6).

Дебелината на новиот уред е 10,6 мм, а тежи 236 грама. Тоа значи дека е 1,5 мм потенок и три грама полесен од стандардниот модел. Покрај сѐ тоа, новиот модел има и малку поголем надворешен и внатрешен екран, како и нов изглед на задната страна.

Стандардно има 16 ГБ РАМ-меморија, но и повеќе меморија за „Галакси АИ“ (Galaxy AI), а има и надградена камера од 200 мегапиксели.

За жал, моделот засега е достапен само за купувачите во матичната држава Јужна Кореја, каде што чини околу од 1.850 евра. Продажбата ќе почне в петок, на 25 октомври. Се чини дека следниот пазар ќе биде Кина.  си/сд/

Фото: МИА архива