• Tuesday, 10 February 2026

Сали – Палминтери: Продлабочување на соработката и поддршката на Италија за европската интеграција на Северна Македонија

Сали – Палминтери: Продлабочување на соработката и поддршката на Италија за европската интеграција на Северна Македонија

Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Напредокот на Северна Македонија во процесот на европска интеграција и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и пристапниот процес, биле во фокусот на средбата меѓу министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали и амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери. 

Како што соопшти МЕП, министерот Сали ја истакнал посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото, јакнењето на институционалните капацитети и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

Соговорниците размениле мислења за можностите за соработка преку европските инструменти, особено во рамки на Твининг и ТАЕКС програмите, како и преку регионалните и транснационалните програми во кои учествува Северна Македонија.

-Министерот Сали изрази благодарност за поддршката од Италија во клучни области како животната средина, енергетиката, социјалната политика и економскиот развој, како и за солидарноста и помошта во справувањето со поплавите во 2016 година и мигрантската криза, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму додаваат дека Сали исто така нагласил дека Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочување на соработката со Италија, особено во областите поврзани со реформите и европската интеграција на земјата. нд/лв/

Фото: МЕП

You May Also Like