• Sunday, 29 December 2024

Сака надвор од терените до март

Сака надвор од терените до март

Лондон, 28 декември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака ќе биде надвор од терените повеќе од два месеци откако му беше оперирана тетивата. Ова го откри тимскиот менаџер Микел Артета, цитиран од локалните медиуми.

-Тој ја помина процедурата. Се помина добро, но за жал ќе биде надвор од терените многу, многу недели. Мислам дека ќе биде надвор од теренот повеќе од два месеци. Зависи од тоа како ткивото ќе почне да заздравува, зависи од првата недела од движењето. Да видиме, тешко е да се каже, изјави разочараниот шпански стручњак по победата на неговиот тим над Ипсвич од 1-0..

Сака има постигнато 5 гола и има 10 асистенции за тимот од почетокот на сезоната во Премиер лигата, со што е еден од најкреативните играчи на „топчиите“. Англискиот репрезентативец беше принудно сменет против Кристал Палас претходно овој месец, напуштајќи го стадионот со патерици.

Во октомври и ноември, Сака (23) пропушти три натпревари на Англија во Лигата на нации, како и поразот на Арсенал од Бурнмаут и победата во Лигата на шампионите над Шахтјор Доњецк, со повреда на истата нога. дс

Фото: Архива