• Saturday, 26 October 2024

САД планираат да ги опремат бродовите со ракети Патриот

САД планираат да ги опремат бродовите со ракети Патриот

Вашингтон, 25 октомври 2024 (МИА) - Американската морнарица планира да опреми некои од своите бродови со противвоздушни ракетни пресретнувачи Патриот поради стравувањата дека Кина ќе употреби хиперсонично оружје за потопување бродови во Пацификот.

Според извори во американската одбранбена индустрија, станува збор за поставување на ракети-пресретнувачи Patriot Advanced Capability-3 Missile Segment Enhancement (PAC-3 MSE) на бродови на морнарицата, кои главно ги користи американската војска.

На овој начин, американската војска сака да го надмине кинескиот напредок во ракетната технологија, вклучително и употребата на високо маневрирачко хиперсонично оружје. јт/

Фото: Lockheed Martin