• Tuesday, 16 December 2025

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) – Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство.

Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации.

- Оваа соработка која трае цели 45 години РФМ да и во наредната година продолжи во заедништво и партнерство какво што било и до сега. Пивара Скопје е пример за тоа како треба да се однесува една општествено одговорна компанија. Вашата поддршка и вашето партнерство со РФМ е нешто кое дава белег во ракометот и спортот воопшто. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме заедно и ова ќе биде поттик за многу други приказни понатаму каде ние како РФМ и ракомет ќе продолжиме да бидеме спорт број 1, да носиме многу успеси и победи, и сите да се радуваме заедно, рече Стефанов во своето обраќање.

Генералниот директор Лазиќ е задоволен од продолжувањето на партнерството со РФМ.

- Нашите вредности се квалитет, одговорност, почитување и тимска работа. Ние сакаме да ја продолжиме соработката која трае 45 години. Минатото не обврзува, но и не инспирира Вие го носите дресот на репрезентацијата, а ние ја имаме одговорноста да ви даваме поддршка и да растеме заедно, потенцира Лазиќ.

Македонската репрезентација во јануари 2026 година ќе настапи на Европското првенство. Во група е со кодомќинот Данска, Португалија и со Романија. зс/

Фото: МИА