• Sunday, 28 July 2024

Руди Фернандез по рекорден шести пат учествуваше на Олимписките игри

Руди Фернандез по рекорден шести пат учествуваше на Олимписките игри

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Шпанскиот кошаркар, Руди Фернандез постави рекорд на Олимписките игри.

Ветеранот денес беше на теренот во првото коло на олимпискиот турнир во Париз против Австралија.

За 39-годишниот репрезентативец на Реал Мадрид ова се шести Игри во кариерата. Ова е рекорд во машката кошарка.

Фернандез претходно учествуваше на олимписките турнири во Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016 и Токио 2020 година.

Шпанија го загуби мечот со 92:80. зс/

Фото: ЕПА