Родриго сака да остане во Реал Мадрид и покрај интересот од други клубови
- Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго изјави дека е благодарен за интересот за него од други клубови, но сака да остане во шпанскиот гигант уште многу години, објавија шпанските медиуми.
- Post By Спорт Миа
- 09:12, 11 February, 2025
![Родриго сака да остане во Реал Мадрид и покрај интересот од други клубови](https://mia.mk/images/20250211091231_big_730x400_60.webp )
Мадрид, 11 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго изјави дека е благодарен за интересот за него од други клубови, но сака да остане во шпанскиот гигант уште многу години, објавија шпанските медиуми.
Оваа сезона Родриго за Реал постигна 12 гола и направи 8 асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања, а 21-годишниот Бразилец привлече понуди од клубови од Саудиска Арабија.
-Понудите од другите клубови се повеќе работа на мојот татко, кој е мој агент. Не знам многу за деталите. Благодарен сум што има интерес за мене. Многу сум среќен овде. Веќе долго време сум во Мадрид и секогаш сум велел дека да се игра со овој дрес, во Лигата на шампионите, е многу посебно, изјави Родриго за новинарите.
Актуелниот договор на Родриго со Реал е до 2028 година. Тимот вечерва ќе игра против Манчестер Сити во плејофот од Лигата на шампионите, откако двата тима не успеаја директно да се квалификуваат во осминафиналето на турнирот. дс
Фото: Архива