Ристовски: Ќе ги совладаме сите пречки и спортот ќе го вратиме на вистинска патека
- -Спортистите се нашите најдобри амбасадори. Ветувам дека сите пречки ќе бидат совладани и спортот ќе го ставиме на вистинска патека. Успесите и развојот во овие неполни две години се должат на поддршката од Владата и Министерството за спорт. Напорно продолжуваме да работиме на подобрување на спортската инфраструктура и поддршка за врвниот спорт и најуспешните македонски спортисти. Со измените во законот ја исправивме долгогодишната неправда и им оддадовме признание на нашите најдобри спортисти кои изминатите 20 години ја претставуваа Македонија во Европа и во светот. Тие треба да се пример за 500 наши стипендисти кои вечерва се овде со нас, истакна Ристовски.
You need to login to view this page en