Ристески: Ако СДС беше сериозна партија, немаше да си дозволи ваква деструктивност и ќе беше дел од лидерската средба
- Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во синоќешната емисија „Анализа“ на телевизијата „24“, каде што се осврна на темата за лидерската средба, која се одржа вчера и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДС, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што рече тој, местото на лидерот на опозицискиот СДС беше исто така на таа маса затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДС е сериозна партија, според него, нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
You need to login to view this page en