Рисима Рисимкин - „Жена на годината 2025” во Македонија
- Вкупно 10 жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што изминува, синоќа беа прогласени за победнички во македонскиот избор за „Жена на годината 2025”, а лауреатот го понесе авангардната кореографка за современ танц, Рисима Рисимкин.
Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - Вкупно 10 жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што изминува, синоќа беа прогласени за победнички во македонскиот избор за „Жена на годината 2025”, а лауреатот го понесе авангардната кореографка за современ танц, Рисима Рисимкин.
Изборот за „Жена на годината“ почна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по пет во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.
Освен Рисимкин која е прогласена за „Жена на годината“, победнички се и: „Жена со трајни вредности“ – Индира Кастратовиќ, „Жена менаџер на годината“ – Јелена Спасова, „ Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата“ – Венера Крлиу, „Млада жена менаџер на годината (до 40 години)“ – Ениса Кадрии, „Жена со најголеми достигнувања во културата“ – Наталија Теодосиева, „Жена со најголеми достигнувања во спортот“ – Ангела Мојсовска, „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ – Моника Ризовска Таневска, „Жена со најдобар стил“ – Наташа Петровска, како и „Инфлуенсерка на годината“ – Миа Арабаџиевска.
Во конференцискиот дел на настанот предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска . Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. мч/
фото: „Жена на годината“