Германија ги повика своите граѓани да го напуштат Иран
- Германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да го напуштат Иран.
Берлин, 2 октомври 2024 (МИА) - Германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да го напуштат Иран.
Од Министерството посочуваат дека состојбата таму е нестабилна и може да се смени во секој момент.
Предупредувањето дојде откако Иран истрела балистички ракети кон Израел, а Израел ја засили својата војна со Хезболах со испраќање војници преку границата во Либан. рп/
Фото: ЕПА