• Wednesday, 17 July 2024

Ребалансот на Буџетот на владина седница

Ребалансот на Буџетот на владина седница

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Ребалансот на Буџетот се очекува да биде разгледан на денешната владина седница. По усвојувањето треба да биде пратен во Собранието на Република Северна Македонија каде се очекува да биде усвоен до почетокот на август. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изминатиот период за медиумите информираше дека ќе има пари за плати и пензии и за се она што е преземено како обврска согласно закон, а дека ќе се крати од непродуктивните трошоци. бак/ев/

Фото: МИА архива