• Wednesday, 12 March 2025

Исплатени средства за мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Исплатени средства за мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е реализирана исплата на средства за мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања.

- Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за мерка 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план, а за мерка 2 - Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари, соопштија од МЗШВ.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година, како што информираат од Министерството, денеска извршена е исплата на вкупно 2.615.584,00 денари за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 1 октомври 2023 до 30 септември 2024 година.

- Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, истакнуваат од МЗШВ. дма/бак/

Фото: МИА архива