• Monday, 15 December 2025

Реакција на СДСМ по обраќањето на Димитриевски на двегодишнината на ЗНАМ

Реакција на СДСМ по обраќањето на Димитриевски на двегодишнината на ЗНАМ

Скопје, 14 декември 2025 

Денеска гледаме дека ЗНАМ слави. Го прославуваат предавството на Македонија за пари. Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ а сега преку ЗНАМ ја предава Македонија преку договори „мигранти за пари“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Денеска дури го поставија и во форма на контра Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието.

Да примат мигранти за пари после избори, ама тоа да го сокријат преку формулации како „економски работници“ и „нелегална миграција“. 

Државата нема пари, трезорот се затвора пред време, очајно им треба кеш ама не за граѓаните туку да ги тераат своите бизниси преку наместени тендери. А Македонија да ја држат во изолација.

Ова е отворена колаборација на штета на Македонија, нејзината иднина и безбедност.

Борбата започна! И нема да престане!

Сите ќе одговарате!